Од брат ми добивав шлаканици: Лепа Лукиќ откри тајни за кои молчела со децении!

Како што се наведува, иако „горела“ од желба да стане пејачка, не можела ни да сонува колку голема ќе стане.

545

Пејачката на народна музика Лепа Лукиќ ја отворила душата и раскажала најинтимни семејни приказни, за кои инаку мудро молчела.

Како што се наведува, иако „горела“ од желба да стане пејачка, не можела ни да сонува колку голема ќе стане. Поради таа нејзина желба имала и непријатни моменти, нејзиниот брат ѝ забранувал, па ѝ удирал шлаканици, но таа била упорна во својата намера.

– Никогаш не бев свена дека ќе станам ова што сум денес. Повеќепати мојата сега веќе почината мајка, кога седевме и пиевме кафе, ми зборуваше: „Боже Лепава, дали сонуваше дека ова ќе го постигнеш?“ Сите ми забрануваа, но не и мајка ми, но таа мораше да го слуша синот, единствената машка глава во куќата. Тој не ми даваше да пеам. Мислеше дека ќе пеам по некои биртии, дека пијаници ќе ме дрпаат, дека ќе почнам да пијам – ја почнала Лепа својата приказна, па продолжила присетувајќи се на разните сцени со братот.

– Брат ми мислеше дека ќе бидам скитник, добивав и шлаканици од него, но сепак, одев на различни аудиции и бев примена, за да на крајот ја снимам првата песна дури кога брат ми замина во војска – раскажала пејачката.

Вели дека му купила костум и му го пратила во војска, а тој бил воодушевен дека во меѓувреме неговата сестра станала ѕвезда.

Таа додава дека ѝ нуделе дури и да ѝ препишат куќи само за да се омажи со богати додворувачи.

– Ми нудеа дури и цели куќи да ми ги препишат само да не пеам повеќе, а тоа никогаш не сакав да го прифатам, бидејќи сакам мојот партнер да е убав и сиромашен, а не богат и да ме уценува – раскажала во емисијата „Гламур“ Лукиќ.

Таа вели и дека кога ги заработила првите пари ја облекла својата мајка, а потоа на нејзиниот татко, кој загинал кога имала две години, му подигнала споменик дури 30 години подоцна.

 

FOTO: DRAGANA UDOVIČIĆ/glossy.espreso.rs

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...