Од Бразил не „долетале“ заразени пилиња во Македонија

132

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега нема добиено нотификација за пласирано небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил во Република Македонија.

Како што соопшти, врз основа на извршените лабораториски испитувања досега не се добиени позитивни резултати, односно месото кое е пласирано на македонскиот пазар е безбедно, а годинава нема уништени или вратени пратки со пилешко месо со потекло од Бразил.

– Од вкупно увезените 14.010.681 килограм пилешко месо од Полска, Хрватска, Словенија, Бразил, Бугарија, Германија, Грција и Србија и други земји, оваа година, заклучно со јуни, од Бразил се увезени вкупно 3.391.011 килограм. Согласно мониторинг-планот за увоз на производи од животинско потекло, од пратките пилешко месо кои се увезуваат во земјава редовно се земаат мостри за лабораториско испитување. Во однос на месото кое се увезува од Бразил, вклучително и пилешкото, од секоја пратка се земаат задолжителни мостри за микробиолошко тестирање и за откривање на резидуи – велат од АХВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...