Од бакнување момчиња до крадење магазини, славните откриваат зошто биле суспендирани од училиште (ВИДЕО)

255
ФОТО: Твитер

Од бакнување момчиња до крадење магазини, славните откриваат зошто биле суспендирани од училиште, пренесува „E! News“.

Пејачката Кејти Пери правела секси движења покрај дрво, за кое замислувала оти е Том Круз. За тоа била суспендирана од училиште во шесто одделение.

Откако го изгледал „First Blood“, Рајан Гослинг почнал да мисли дека тој е Рамбо.

– Дури си мислев оти и лицето ми е поразлично, бев сигурен дека сум Рамбо. Однесов ножеви на училиште и ги фрлив кон деца – изјавил Гослинг, по што бил суспендиран.

Мајли Сајрус била суспендирана бидејќи се заљубила во момче.

– Таа рекла дека сака да бакне некое момче, па беше суспендирана – изјавила мајката на Сајрус.

Раперката Лили Ален била суспендирана неколку пати поради пушење, пиење и поради тоа што била фатена како „прави работи со момче кои не требало да ги прави на толку мала возраст“.

Актерот Роб Патинсон бил протеран од училиште бидејќи крадел магазини за возрасни, а потоа ги продавал на училиште.

– Бев во мојата училишна униформа кога ги земав магазините. Станав толку сигурен во себе, па цел рафт магазини го втурнав во ранецот – признал Патинсон.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...