Владата на Република Македонија на денешната 82-ра седница ги разгледа информациите за склучување Договор за доделување финансиска поддршка според Законот за финансиска поддршка на инвестиции со повеќе од 100 компании во Република Македонија, согласно кој за првпат за оваа финансиска поддршка можеа да аплицираат и домашните компании.
– Со договорите за доделување финансиска поддршка кои се одобрени на денешната седница на Владата се исполнува првата фаза, по што ќе следуваат наредните кога компаниите ќе мора да ја докажат реализацијата на инвестициите, по што ќе следува исплатата на одобрените средства до крајот на оваа година, соопшти владината прес-служба.
Како дополнителна одлука, Владата го донесе заклучокот дека компаниите кои се стекнале со право за финансиска поддршка, треба да достават потпишана изјава за конфликт на интереси како дел од документацијата опфатена со договорот