Одобрени пет смртни казни во САД

221

Министерството за правда на САД закажа извршување пет смртни казни врз затвореници, откако државниот обвинител Вилијам Бар објави дека е повторно воведена смртната казна што ја спроведува федералната влада.

– Конгресот ја одобри смртната казна преку закони донесени од претставници на народот во двата дома и потпишани од претседателот. Министерството за правда го поддржува владеењето на правото – рече Бар.

Во моментов, 62 федерални затвореника чекаат смртна казна, вклучувајќи го и Џонар Царнаев, кој подметна смртоносна бомба на Бостонскиот маратон во 2013 година.

Министерството за правда соопшти дека наредиле егзекуција на петмина затвореници осудени за ужасни убиства и сексуални злосторства.

Сите пет казни ќе бидат извршени од смртоносна инекција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...