Одложен фестивалот „Мозаик“ поради препораките за ограничување на масовни јавни собири

Вечерва требаше да настапат Владо Јаневски, Ферус Мустафов, Слаткаристика, Нокаут, Елита 5 и Ѕ4ММ.

86

Организаторите на музичкиот настан, фестивалот „Мозаик“ во „А1 Арената“одлучија да го одложат фестивалот, поради ситуацијата со корона вирусот и препораките на забрана за јавни собири од Министерството за здравство и Владата.

Како што информираа организаторите, фестивалот ќе се одржи на друг термин, а тие што нема да може да присуствуваат, средствата ќе им бидат рефундирани.

Ќе ги следиме сите превентивни препораки според кои ќе биде закажан и новиот соодветен датум на одржување на предвидениот концерт во Скопје. Сите купени влезници ќе важат за новиот датум. Доколку сте спречени да присуствувате, вашите средства ќе бидат рефундирани преку продажната мрежа на www.mktickets.mk со приложување соодветен документ за потврда.

Вечерва требаше да настапат Владо Јаневски, Ферус Мустафов, Слаткаристика, Нокаут, Елита 5 и Ѕ4ММ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...