Најголемиот концерт на пејачот Владо Јаневски, што требаше да се одржи на 1 јуни на стадионот на АРМ, е одложен, објави „Авалон продукција“ на својата страница на Фејсбук.
– Драги пријатели, со жалење ве известуваме дека сме приморани да го одложиме најавениот концерт на Владо Јаневски, кој требаше да се одржи на 1 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Причина за тоа е здравствената состојба на Владо Јаневски. Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по повод 25 години од соло-кариерата на Владо Јаневски, во ВИП-арена – се наведува во објавата од „Авалон продукција“.
Сите оние кои имаат купено влезници досега, ќе можат да ги вратат веднаш на продажните места каде што ги имаат набавено.