Судот денеска го одложи рочиштето за „Насилство во Центар“ бидејќи обвинетиот ексминистер Миле Јанакиевски не беше спроведен во судница од затворот во Шутка.
Судот издал наредба Јанакиевски да биде доведен на судење од неговиот дом, каде тој ја издржуваше мерката куќен притвор, но полицијата не го нашла таму, затоа што од петокот ексминистерот е во притвор во затворот Шутка.
Истиот суд кој денеска испрати полиција во домот на Јанакиевски, во петокот го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди 30 дена притвор во Шутка.