„Оди си од Албанија“ – протест против амбасадорот на ОБСЕ, Бернд Борхард

Со извици „Срам да ти е “ и „Оди си од Албанија“, демонстрантите бараа Борхард да ја напушти Албанија. На еден од плакатите пишуваше „Борхард во Тирана, срам за Албанија“.

593

Повеќе жени протестираа против амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, Бернд Борхард, како реакција на неговиот недоличен гест кон демонстранти од населбата „Астир“, со покажување среден прст.

Со плакати во рацете, тие влегоа во просториите на каде се одржува „Форумот за развој на медиуми“ каде е присутен и амбасадорот Борхард.

Со извици „Срам да ти е “ и „Оди си од Албанија“, демонстрантите бараа Борхард да ја напушти Албанија. На еден од плакатите пишуваше „Борхард во Тирана, срам за Албанија“.

Демонстрантите останаа во салата неколку минути, по што си заминаа.

Амбасадорот, на 13 октомври, поминувајќи по тротоарот до Полициската дирекција во Тирана, на група на демонстранти, жители на населбата „Астир“ кои протестираа за ослободување на нивни блиски роднини кои беа уапсени во текот на денот откако го блокираа патот, им покажа среден прст,откако неколку од нив му се обратија со зборовите „срам да ти е“.

По лавината реакции на социјалните мрежи амбасадорот реагираше преку објава на Твитер, барајќи извинување за неговиот гест, додавајќи и дека го поддржува правото на Албанците за мирни протести.

„Би сакал навистина да им се извинам на тие што можеби сум ги навредил вчера. Јас го почитувам правото на Албанците за мирни протести“ , напиша амбасадорот.

Инаку, жителите на областа „Астир“ во Тирана протестираат веќе втора година против изградбата на „Новиот кружен тек“, со кое се предвидува и рушење на повеќе од 100 објекти,главно индивидуални куќи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...