Пронајдени и одземени се околу 7.435 парчиња нелегални пиротехнички средства при вчерашниот претрес во домот на 31-годишниот А.С. на улица „Ристо Чадо“ во Охрид. Меѓу нив има пиротехнички ракети, како и петарди од различни производители, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.С. ќе поднесе соодветна кривична пријава.