Дежурен јавен обвинител од Прилеп заедно со екипа од крим техника при МВР извршил увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафуле во Прилеп.
„Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана. Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење. Основното јавно обвинителство Прилеп издаде наредби за проверки и расчистување на настанот“, соопштија од обвинителството.