Одговор на колумната од султанот на Цивил

Не одговори на прашањата што ти ги поставив, а на кои имаш должност пред јавноста да одговориш!

2669

Џабир Дерала, султану на Цивил, одработувачу за власта. Повторно си дозволи да шириш лаги и клевети против Левица, по напатствија од твоите наредбодавачи од СДСМ. Но, не одговори на прашањата што ти ги поставив, а на кои имаш должност пред јавноста да одговориш! Да кажеме неколку факти за тебе:

1) Го срамиш мировното движење. Одработуваш Македонија да стане членка на НАТО. Кажи ѝ на јавноста јасно и гласно, за НАТО си или не си за НАТО? Не туку се криј зад манипулацијата дека референдумот бил за ЕУ.

2) Вршиш флагрантна повреда на неутралноста на набљудувачкиот процес. Некомпатибилно е да се агитира за одредена позиција на референдумот и истовремено да се тврди дека неутрално ќе се набљудува. Тоа е исто како еден судија кој е истовремено и адвокат во еден процес да тврди дека ќе пресудел објективно. Вие сте ПАРТИСКИ набљудувачи, чија задача е да го аминувате лажирањето на резултатот на референдумот!

3) Абер од транспарентност немате! Устите ви се полни со муабети за транспарентност, а на вашиот веб сајт нема податоци која е раководната структура на Цивил и кои ви се донаторите. Или, тоа што ја криете раководната структура е поради тоа што ти си самоназначен за доживотен преЦедник или СУЛТАН на Цивил? Кој мандат ти е на чело на Цивил? Петти, шести?

4) Без срам и перде го газиш угледот на граѓанскиот сектор, слугувајќи му на СДСМ. Памтиш кога зборуваше дека по падот на Грујо уште покритични ќе бидете против новата власт? Каде ви е критичноста, бре? Срамно одработувате за СДСМ, без гајле да немате кои се реперкусиите од вашето одработување по угледот на граѓанскиот сектор.

5) Стана втора Мирка Велинова. Мене најде, човек кој едвај врзува крај со крај во месецот, човек кој заради борбата за одбрана на принципите со години не може да најде соодветно вработување, мене ли најде да ме обвинуваш за земање странски пари? Исто така лажеше и Мирка Велинова, во нејзиниот случај дека сум земал американски пари. И, до тоа ниво падна, мене уште ме влечкаат во судскиот процес што го заработив со учество во Шарената револуција, додека ти удобно си седеше настрана, мене да ме обвиниш за фејкерство во борбата против Груевски? АРАМ ДА ТИ Е, ОДРАБОТУВАЧУ НА ПАРТИСКИ АГЕНДИ!!!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...