Одбраната во Титаник бара камерата во судница да го снима и СЈО

950

Адвокатите на обвинетите во Титаник бараат во кадарот на камерата со која се снима судењето да ги има и обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Рочиштата за овој предмет се водат во најголемата судница во новата зграда на Кривичниот суд, обвинителите седат од десната страна на судиите, а камерата е сместена од левата.

На снимката, како што посочија адвокатите, се гледаат само обвинетите и адвокатите, а претставниците на СЈО се слушаат само тонски но не и се гледаат визуелно. Исто така, посочија камерата не ја фаќа цела судница односно само до пунктот кој се наоѓа на средината на судницата.

Одбраната, како и претходно во два други предмети, бара изземање на судијата Осман Шабани и целиот судечки совет во овој предмет. Исто така, бараат да се изземат и претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев и неговиот заменик Бајазит Бајазити, како и претседателката на Апелациониот суд Лидија Тимчевска и нејзиниот заменик Осман Кадрии, кои всушност треба да одлучуваат за предлогот за изземање на судечкиот совет.

Ова барање доаѓа оттаму што, како што појаснија, Катица Јанева во емисија на ТВ 24 кажала дека има судии кои биле прислушувани, а постапуваат по предметите на СЈО. Адвокатот Еленко Миланов од СЈО не добил одговор кои судии биле прислушувани, па затоа бара изземање сите судии засегнати во предметот.

Ова е второ рочиште за предметот Титаник во кој обвинети се 21 лице меѓу кои и Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Илија Димовски.

Според обвинението на обвинетите на товар им се ставаат десетина кривични дека поврзани со изборите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...