Одбраната бара јавноста да не ги слуша бомбите во „Тендери“ за Канческа-Милевска

274

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна рочиштето во предметот на СЈО „Тендери“ што се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

На денешното рочиште треба да се слушаат „бомбите“, а адвокатите на одбраната побараа јавноста да биде исклучена поради заштита на приватноста.

Првообвинета во овој случај е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, која е присутна на денешното рочиште на кое треба да се сослушуваат аудио снимки кои се доказ во постапката.

Второ и трето обвинетите во овој случај биле членови на Комисијата за јавни набавки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...