Маж од Рочестер, во американската држава Њујорк, провалил во домот на 82-годишната баба. Но тоа не завршило добро – за него.
Вили Марфи вели дека се подготвувала да заспие во четвртокот вечерта, кога некој почнал да чука на нејзината врата, молејќи да повика брза помош за него, пренесува Си-eн-eн. Таа му рекла дека повикала полиција и не го пуштила мажот во куќата, но тој се налутил и ја пробил вратата.
„Беше темно, стара сум и слаба. Но, погодете што, јас сум цврста“, рекла таа, покажувајќи ги своите мускули. „Тој избра погрешна куќа за да провали“.
Марфи е наградувана бодибилдерка која во деветтата деценија од животот вежба секој ден во локалната сала. Како што вели старицата, користела неколку предмети за да го натепа 28-годишниот натрапник, почнувајќи од масата.
Таа вели дека ја скршила масата од него и потоа продолжила да го удира со нозе. Откако неколку пати го удрила, таа истрчала во кујната, зела шише шампон за бебиња и го испрскала мажот по лицето додека се обидувал да стане.
Но, не завршила тука. Марфи вели дека ја зела метлата и го удирала повеќе пати. „Се обидував да му помогнам да излезе од куќата, но тој беше претежок. Не можев да го преместам“, рече Марфи, додавајќи дека до тогаш пристигнала полиција.
„Тој веќе лажешт затоа што добро го изнатепав. Јас сум сериозна“, вели 82- годишната Марфи. Крадецот бил однесен од нејзината куќа со брза помош.
“I’m alone and I’m old, but guess what? I’m tough.”
Willie Murphy is 82. She’s a powerlifter. When a 28-yr-old man tried to break into her house – she says she took him DOWN. pic.twitter.com/MFXyrG1um0
— Seth Palmer (@sethpalmer3) November 22, 2019