Сите жалби на поранешниот премиер Никола Груевски се одбиени и тој треба да замине во затворот во Шуто Оризари веднаш штом ќе го добие решението дека му се одбиени жалбите. Одлуката е конечна. –
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките“, соопштија од Кривичниот суд.
Груевски и во затвор ќе ја зема пратеничката плата откако денеска на пленарна седница немаше двотретинско мнозинство за одземање на мандатот.