Одбиени барањата на Груевски за изземање на судечкиот совет

1485

Одбиени се барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска, што ги поднесе одбраната на осудените во „Тенк“, Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

По соопштувањето на овие одлуки, јавната седница на Апелација на која се одлучува по жалбите за затворските казни на Груевски и Поповски, повторно е прекината.

Адвокатот Стерјо Зиков овојпат побара изземање на судијата известител Тања Милева бидејќи, како што наведе, таа била избрана во времето кога СДСМ формирала Влада, а СЈО ги отворило предметите за кои водеше истрага. Според Зиков, ако остане, судијката Милева ќе биде пристрасна. Зиков рече дека Милева е сопруга на Игор Милев кој беше кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ, беше член на ДИК од СДСМ, а сега е советник на директорот на Царинската управа.

Претседателката на судечкиот совет Цветанка Периќ повторно даде пауза за да се достави барањето на Зиков за изземање на Милева до в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...