Одбиена кандидатура за локални избори во Хонг Конг на 22-годишен активист

Џошуа Вонг, и како тинејџер, во 2014 година бил еден од предводниците на големите продемократски протести во Хонг Конг.

47
ФОТО: EPA / JEROME FAVRE

Продемократскиот активист Џошуа Вонг денеска изјави дека е отфрлена неговата кандидатура за претстојните локални избори во Хонг Конг.

„Остро го осудувам фактот дека владата се занимава со политичко филтрирање и цензура, и ме лишува од моите политички права“, напиша на Фејсбук овој 22-годишен студент на политички науки.

Џошуа Вонг, и како тинејџер, во 2014 година бил еден од предводниците на големите продемократски протести во Хонг Конг.

Портпаролот на владата изјави дека кандидатурата на Вонг е отфрлена затоа што тој го бранел правот на Хонг Конг на самоопределување, што е во спротивност со духот на Основниот закон на оваа поранешна британска колонија.

Протестите во Хонг Конг се оддржуваат секој викенд од почетокот на јуни.

ФОТО: EPA / JEROME FAVRE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...