Одбележан Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конески 

205

Со свечено положување цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска беа одбележани празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конески.

Цвеќе положи владината делегација предводена од министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски, како и делегации од Собранието на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија, Сојузот на борци од НОВ, дипломатските претставници и претставници на останатите институции, политички партии и здруженија на граѓани.

Во организација на Националната универзитетска библиотека – „Св. Климент Охридски“, пак, вчера беше одбележан патрониот празник 8 Декември, Свети Климент Охридски. На одбележувањето присуствуваше владина делегација предводена од министерот задолжен за подобрување на инвестициска клима за домашните компании Зоран Шапуриќ, министерот задолжен за странски инвестиции,Аднан Ќахил и националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски.

Свеченоста започна со положување цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски и продолжи со музичка точка и доделување на наградата „Библиотека на годината“. Централниот дел од свеченоста беше уметнички перформанс наречен „Емоции“ посветен на македонскиот книжевник и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески, по повод 25 годишнината од неговата смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...