Одбележан празникот Св. Троица во Бардовци

960

Жителите од населбата Бардовци, денеска традиционално го одбележаа верскиот празник Св. Троица. Оваа година, бардовчани приредија богата целодневна манифестација проследена со низа активности, наменети за сите генерации. Претпладне се одигра фудбалски натпревар меѓу играчите на ФК Лепенец, при што беше промовирана и младинската школа на овој клуб, се вели во соопштението од Општина Карпош.

– Во попладневните часови, во црквата Св. Троица се одржа литургија со поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан, на која присуствуваа голем број верници од Бардовци и околината. По завршувањето на литургијата, во дворот на црквата, играорците од АКУД „Мирче Ацев“ и Фолклорното студио „ЕТНОС“ со изведба на народните фолклорни танци, го привлекоа вниманието на присутните посетители – се наведува во соопштението.

На целодневните активности присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош,
Стефан Богоев, како и поголем број на советници од локалната самоуправа, кои имале
можност да поразговараат со жителите за одржувањето на оваа традиција, како и за други актуелни теми.

– Низ разговор со Богоев граѓаните ја поздравија иницијативата, на празникот да му се даде еден нов дух и да се прославува со активности преку кои се ангажираат различни групи на граѓани: музичари, спортисти, играорци и други артисти. Присутните си го честитаа празникот и посакаа и наредната година, овој ден да обединува, да ја поттикнува дружбата и солидарноста меѓу жителите – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...