Одбележани 60 години ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“

263

Во малата сала на Македонскиот народен театар, попладнево, се одбележа 60 годишниот јубилеј од постоењето на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – Скопје, соопшти Општина Карпош.

-На Денот на ослободувањето на главниот град, една од најстарите здравствени установи во Македонија се стекна со наградата „13 Ноември“, за големиот и значаен придонес во сферата на здравствената заштита и грижа за повозрасните лица. Во рамки на манифестацијата, директорката на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Салија Љатиф – Петрушевска, му врачи благодарница на градоначалникот Стефан Богоев, за несебичната поддршка и соработка со Општина Карпош, стои во соопштението.

Во состав на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, функционира и домот за стари лица „Мајка Тереза” кој се наоѓа во населбата Злокуќани, со кој Општина Карпош има постојана и успешна соработка.

Локалната самоуправа и градоначалникот Стефан Богоев често пати ги посетуваат лицата кои престојуваат во оваа установа во Карпош, а по тој повод се организираат и хуманитарни активности, при што се донира храна, облека, средства за хигиена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...