Одбележани 17 години од монструозното убиство на Трпковски и Илиевски и уривањето на „Бриони“

446

Со помен парастос на православните гробишта во Челопек, како и на разурнатиот мотел Бриони членовите на семејствата ја одбележаа 17 годишнината од загинувањето на Светислав Трпковски и Боге Илиевски.

Семејството на Трпковски, кои и годинава го посетија разурнатиот мотел Бриони каде загинаа Трпковски и Илиевски не сакаа да дадат официјална изјава за медиумите, но повторно ја искажаа решеноста и по 17 години да не се откажат од барањето на правдата и откривањето на виновниците за овој трагичен настан од конфликтот во 2001-та година.

Илиевски и Трпковски беа убиени на 26 август 2001-та година од се уште непознати сторители кои со динамит ги врзале двајцата за потпорните столбови и ги кренале во воздух со мотелот „Бриони“ кај Челопек. Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир. Овој случај беше опфатен со автентичното толкување на Законот за амнестија заедно со останатите три хашки случаи. Во стара состојба е и разурнатиот мотел „Бриони“ бидејќи дел од албанското население од Челопек се спротиставува земјоделската задруга „Единство“ да продолжи да стопанисува со него. Оставен на забот на времето и неодговорното однесување на луѓето поранешното излетничко место и мотелот Бриони е целосно обрастнат со трња и трева, а последниве години поради постојаното фрлање на смет местото е дива депонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...