Одат и зјапаат во телефон, триесет пешаци во Велес, Кавадарци и Неготино фатени во сообраќаен прекршок

770

Одат и зјапаат во телефон, триесет пешаци во Велес, Кавадарци и Неготино биле фатени во сообраќаен прекршок. Се мисли на прекршоци како поминување на црвено светло на семафор, преминување на улица каде што нема пешачки премин и слично.

– Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера од 10 до 15 часот извршиле контрола на пешаците кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле регистрирани 30 прекршоци, од кои 14 во Велес, 11 во Кавадарци и пет во Неготино – рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Акцијата била превентивна и сите фатени пешаци во сообраќаен прекршок добиле опомени. Но, од полицијата апелираат на внимателност, затоа што за вакви прекршоци се заработуваат и прекршочни казни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...