Ограбено дете на „Кеј 13-ти Ноември”

235

Десетгодишно дете вчера било ограбено на „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје.

МВР соопшти дека вчера во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Г.М. (45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ две непознати лица извршиле разбојништво во обид врз неговиот десетгодишен син.

Додека детето се движело, лицата му се доближиле и му се заканиле да ја соблече маицата, по што еден од нив извадил нож. Детето се исплашило и почнало да бара помош, а лицата побегнале во непознат правец, додава МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...