Ограбени мигранти, останале без ранци, мобилни и 1.000 евра

90

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.В.(27), К.М.(24), А.Ј.(31), Н.М.(33) и И.М.(22), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 28.06.2019 година во село Трубарево, скопско, пријавените извршиле разбојништво над 23- годишниот Ј.У.Д и 25- годишниот M.Ј, двајцата од Пакистан, при што им одзеле околу 920 евра, мобилен телефон, два ранци и лични документи.

На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 75.000 денари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...