Во штипската полиција Ѓ.Н.(65) од село Карбинци било пријавено дека непознат сторител го ограбил манастирот Света Петка во атарот на село Калузлија. Истата вечер била пријавена кражба и на манастирот Свети Илија во село Аргулица, општина Карбинци.,
– Сторителот насилно влегол во манстирот Света Петка и одзел пари. Истовремено тешка кражба е извршена и во манастирот Свети Илија во село Аргулица. Се работи на расчистување на случајот, информира МВР.