Ограбена црквата „Света Недела“ во Струшко 

125

Ситни црковни предмети и околу 1.500 денари биле одземени од црквата „Света Недела“ во струшкото село Драслајца.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека во средата во полициската станица во Струга било пријавено дека грабежот е извршен во периодот од 15 до 17 часот од непознат сторител.

Струшката полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...