Ограбена телевизиска екипа во Оукланд

59

Двајца вооружени мажи ограбија телевизиска екипа во калифорнискиот град Оукланд, објави Еј-Би-Си.

Напаѓачите излегле од автомобил и побарале од новинарите на една од регионалните редакции на Си-Би-Ес, кои се подготвувале да снимаат телевизиска репортажа, да им ги дадат камерите и останатата техника.

Во тој момент, реагирало обезбедувањето на новинарите, кој бил застрелан од напаѓачите, но не е животно загрозен.

Напаѓачите избегале со автомобилот и техниката на новинарите.

Подоцна полицијата уапси неколку лица.

– Дел од украдената техника е најдена, но истрагата продолжува – велат од полицијата во Оукленд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...