Ограбена во сопствениот дом: На пејачката ѝ украле накит вреден 336.000 долари

На пејачката ѝ била украдена дијамантска бразлетна вредна 70.000 долари и златен часовник со дијаманти вреден 57.000 долари, како и дијамантска бурма.

349

Австралиската пејачка  Иги Азелаја пријавила во полиција дека нејзиниот дом во Атланта бил ограбен и дека крадците ѝ украле накит во вредност од 336.000 долари.

Како што се наведува во полицискиот извештај, на пејачката ѝ била украдена дијамантска бразлетна вредна 70.000 долари и златен часовник со дијаманти вреден 57.000 долари, како и дијамантска бурма.

Пејачката раскажала дека била сама во подрумот од куќата на 15 ноември, кога слушнала чекори во дневната соба. Помислила дека тоа е нејзиното момче кое требало да дојде во секој момент. Како што рекла, вратата ја оставила отклучена токму поради него.

Случајот го пријавила во полиција дури два дена подоцна, односно на 17 ноември, откако забележала дека ѝ исчезнала торбата во која го чувала накитот. Иги им рекла на полицајците дека ги прегледале снимките од надзорните камери и виделе маж како влекол во куќата од задната врата во 21:51 и излегол осум минути подоцна со ќесе во рацете.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...