Ограбената Џиџи Хадид: Не го препорачувам Миконос, потрошете ги парите на друго место

5302

Супермоделот Џиџи Хадид се заколна дека никогаш повеќе нема да се врати на грчкиот остров Миконос откако таа и нејзината сестра беа ограбени додека биле излезени.

„Не му дозволувајте на Инстаграм да ве излаже. Нè ограбија. Никогаш не се враќаме. Не го препорачувам. Потрошете ги парите на некое друго место“, напиша Џиџи на Инстаграм.

Бела и Џиџи биле многу потресени откако сфатиле дека се ограбени во луксузната вила која ја изнајмиле за одмор. Им биле одземени накит, облека, чанти и очила.

– Џиџи ми се јави на аеродромот кога полетуваше. Беше трауматизирана. Биле излезени и со нив било нивното обезбедување. Некој провалил во куќата и биле ограбени – рече нивниот татко, Мохамед Хадид по кражбата.

По кражбата сестрите се вратиле дома со чартер лет.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...