Огнен Јанески се повлече од функцијата главен и одговорен на ТВ 24

Сакам да ве известам дека поради лични (приватни) причини одлучив да се повлечам од функцијата „главен и одговорен уредник“ на Телевизија 24. Одлуката ја донесов во текот на минатиот месец. Донесувањето на одлуката е исклучиво лична, поради приватни причини, а со менаџментот на телевизијата имавме неколкучасовен разговор во кој разговаравме за иднината на телевизијата, при што ја испочитуваа мојата одлука да се повлечам од функцијата, напиша Јанески на Фејсбук.

3727

Новинарот Огнен Јанески преку својот профил на Фејсбук, попладнево информираше дека заминува од функцијата главен и одговорен уредник на ТВ 24.

„Драги мои,

Сакам да ве известам дека поради лични (приватни) причини одлучив да се повлечам од функцијата „главен и одговорен уредник“ на Телевизија 24. Одлуката ја донесов во текот на минатиот месец. Донесувањето на одлуката е исклучиво лична, поради приватни причини, а со менаџментот на телевизијата имавме неколкучасовен разговор во кој разговаравме за иднината на телевизијата, при што ја испочитуваа мојата одлука да се повлечам од функцијата.

Не си одам од медиумот, туку останувам да си работам на своите претходни работни обврски како уредник и водител на емисии, при што веќе имаме планови со новитети за на есен, но, за тоа повеќе тогаш.

Благодарност до сите колеги/шки и (ин)директни соработници/чки кои во изминатиот период ги поддржуваа одлуките кои заеднички ги носевме во насока на уште поголемо приближување до гледач(к)ите. Благодарам и на довербата на гледач(к)ите, особено на тие кои со своите совети, предлози и критики постојано не’ надградуваа во напорите за зачувување на најголемата наша цел – довербата кон вас, кој останува наш приоритет. 

А и башка, ми фалите да си комуницираме во емисии!“, пишува Јаневски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...