На уредничкото место на Младен Чадиковски во ТВ24 доаѓа младиот Огнен Јанески, кој е долгогодишен новинар во истиот медиум и уредник на повеќе телевизиски емисии.
Чадиковски се повлече од оваа функција по неговиот избор за нов претседател на Здружението на новинари на Македонија.
– Со задоволство ја прифатив обврската за главен и одговорен уредник на телевизија 24, којашто ја преземам од колегата Младен Чадиковски кому му посакувам среќа во предизвиците во Здружение на Новинари (ЗНМ). Со гледачите ќе се гледаме низ други форми постојано за време на програмата на телевизијата, но, за тоа – откако ќе дојде новата година, откако обврската ќе ја преземам во јануари. Благодарам за довербата од моите колеги и колешки од новинарскиот, техничкиот и од програмскиот кадар, коишто ја посочија довербата во мене, за заедно, како колектив да преземеме обврска за понатамошни издигнувања. Колективот се живее. И така и ќе биде – напиша Јанески на својот Фејсбук профил.