Огинар вели дека бил малтретиран од полицајците кои го привеле

1800

Македонскиот иселеник од Њујорк, професорот Нестор Огинар, синоќа во Скопје бше приведен пред Порта Македонија, каде држел говор пред група приврзаници.

Во говорoт тој остро ја нападнал сегашната владина гарнитура за политиките кои ги спроведува, а особено бил дециден против НАТО како организација.

По говорот кој го одржал додека траеше „Одлучен удар“ пред Порта Македонија, тој беше приведен во полициската станица Беко, заедно со мајката на убиеното момче Пино, по што беше ослободен.

Огинар по пуштањето изјави дека при апсењето бил малтретиран, но во полициската станица, инспекторите кон него се однесувале коректно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...