ОВП на Себастијан Курц убедлив победник на изборите во Австрија

126
ФОТО: EPA / CHRISTIAN BRUNA

Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц е убедлив победник на вчерашните предвремени парламентарни избори, и според официјални прелиминарни резултати, освои 38,35 отсто од гласовите, соопшти австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Пешорн.

Официјалните прелиминарни резултати од изборите ги содржат сите гласови дадени на избирачките места, но не и оние кои се испратени по пошта, кои допрва треба да бидат изброени.

За гласање по пошта биле побарани 1,04 милион гласачки ливчиња.

Социјалдемократската партија (СПО) освои 21,54 отсто од гласовите, Слободарската партија на Австрија (ФПО) 17,25 проценти (8,72 отсто помалку од изборите пред две години), Зелените се вратија во Парламентот со 12,35 проценти од гласовите, пратенички места доби и Неос кој освои 7,36 отсто од гласовите.

Пешорн соопшти дека излезноста била околу 60 проценти и најави дека конечните резултати ќе бидат соопштени во четврток попладне.

ФОТО: EPA / CHRISTIAN BRUNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...