Овој јули бил најтоплиот месец од 1880 година, од кога се мери температурата

Американската национална администрација за океани и атмосфера денеска соопшти дека јули бил за 0,95 Целзиусови степени потопол од просекот за тој месец во 20. век. Минатомесечните температури го урнаа претходниот рекорд, поставен во 2016 година и тоа за 0,03 степени.

523

Изминатиот месец јули бил најтоплиот месец на Земјата од кога почнало мерењето на температурата во 1880 година, што е уште еден рекорд за кој научниците велат дека се должи на глобалното затоплување.

Американската национална администрација за океани и атмосфера денеска соопшти дека јули бил за 0,95 Целзиусови степени потопол од просекот за тој месец во 20. век. Минатомесечните температури го урнаа претходниот рекорд, поставен во 2016 година и тоа за 0,03 степени.

Јуни годинава, исто така, забележа рекорд за тој месец за изминатите 140 години

Тековната година досега е за 0,95 степени потопла од долгогодишниот просек, но и натаму е зад рекордот поставен во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...