Овој свет, не е опаметен!

Ако така глатко, како да е салата, ти го проголтаат името на државата, на нацијата, на букварот, на крштеницата, на свидителството, на крстовите од гробовите, на книгите од библиотеките, нема да се најде друга таква светска свирепа глупост за споредба.

634

Преговарачките лакрдии меѓу Атина и Скопје, ние ги доживуваме главно во форматот, таков каков што ни го дизајнираат грчките информативни труби, кои, за разлика од нашите, тимски се држат до нотните варијации на единствеата партитура. Таа е една иста, со повремени пресметани ефектни модификации на тактот. Без разлика кој ќе музицира – ќе биде ли тоа некој првенец од политичкиот ансамбл, или ќе е од редот на слободните солисти, каков што е, да речеме, некогаш легендариот Микис Теодоракис, со кого ние искрено сочувствувавме кога беше на листата на непослушните и прогонуваните во неговата земја, за неодамна да ни приреди горчлив концерт на наше негирање.

Кога шефот на нашата дипломатија, Никола Димитров, им сржал на Атињаите, барем така беше пренесено од некои наши медиуми  дека „ние нема да играме според музиката на нивите тамбури“, каменот што го носиме на срце, во исчеквање на епилогот од преговарачките сеанси, како да се помести. Доби некоја поподнослива тежина.
Би била чиста измама ако се обидуваме да демонстрираме некакаков нихилизам, или рамнодушие, какво што настојуваат да прикажат токмак типовите, кои на името на државата гледаат безмалку исто како и на кулинарскиот специјалитет, забележан во сите светски гурмански листи како „македонска салата”. Ќе те сервираат на трпезата на пребирливите, но прождрливи евро комесари, или пребирливи НАТО- генерали. Ќе те проголтаат во еден здив. Следниот ден, нова тура – исти артикли. Треба да глумиш безрезервно задоволство од нивното сладокусие.

Ако така глатко, како да е салата, ти го проголтаат името на државата, на нацијата, на букварот, на крштеницата, на свидителството, на крстовите од гробовите, на книгите од библиотеките, нема да се најде друга таква светска свирепа глупост за споредба.
Македонија била и е јаболко за чиј загриз сите соседи си ги остреле забите. Сите поинакви формулирања на таканаречениот „македонски проблем“ е чиста илузија.

Забошотување на прикриените проекти за новите балкански граници, продукт на тешо заболениот балкански национализам.Така било од дамнини, така е и денес. За да веруваш дека е поинаку, треба да ја играш улогата на нојот – длабоко да ја закопуваш главата во земја за да не ги перцепираш сите анахронизми што се одигруваат на балканската, европската и светската политичка сцена.

Нема да се служам со јазикот на високата политика. Ниту на оние верглатори кои мудруваат дека, за разлика од простосмртните, нивниот мисловен исчекор е далеку пред времето. Сепак, има нешто, што е елементарна морална и етичка закономерност – аморално е прифаќањето на нешто што се верува дека е бесмислено.

Нашето име е вткаено во нашата колективна меморија. Во нашето постоење. Основен белег е на нашиот фолклор, на творештвото, на историјата. Во која друга земја е испеана песна за оваа пеколница. Нашите се илјадници. Безбријни, кои извирале од најдлабоките комори на љубовта за неа.. Секој стих почнува или завршува со Македонија. За еднствените деца на оваа планета Земја, на кои со посебен пиетет од памтивек им е давано името Македонка. Според која политичка, етичка или морална формула, Македонка ќе ја прекрстиме. Овој свет, очигледно не е опаметен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...