Иако неколку фактори можат да предизвикаат оваа состојба, нејзината врска со храната може да биде многу блиска и во многу случаи исхраната се проценува дека го решава проблемот со надуеност.
Зад подуеноста на стомакот се наоѓа скриена гастроинтестинална состојба – метеоризам. Иако неколку фактори може да ја предизвикаат оваа состојба, нејзината врска со храната може да биде многу блиска и во многу случаи токму исхраната се проценува дека го решава проблемот со надуеноста.
Метеоризмот се карактеризира со присуство на вишок гас во цревата и неговиот главен симптом е напнатост во стомакот. Најчеста причина за оваа состојба е аерофагија, односно брзо и незаситно јадење храна, при што се голта многу воздух со секој залак или голтка.
Оваа состојба може да биде изолирана или поврзана со други гастроинтестинални симптоми како пролив, запек, болки во стомакот, губење на тежината и надуеност.
Предизвикувачки фактори
Може да има многу причини, почнувајќи од нетолеранција на лактоза или фруктоза, целијакија, синдром на иритабилно црево, пораст на цревните бактерии, хронично воспалителни болести на цревата сè до употреба на одредени лекови.
A, eве на кои намирници најмногу реагира вашиот стомак.
Мешунки
Надуеноста обично се појавува откако сме изеле мешунки како што се: грав, грашок и леќа.
Зеленчук
Брокулата би требало да ја консумирате во комбинација со други намирници за да се намали надуеноста. Кромидот е еден од предизвикувачите на оваа состојба и би требало да го земате во помали количини.
Исто така е важно да се обрне внимание на внесот на сушеното овошје, како и на јаткастите плодови: кикиритки, ореви и бадеми. Не би требало да јадете овошје по оброкот, газирани и диетални пијалаци, гуми за џвакање, засладувачи и бонбони без шеќер.