Ова се најзагадените градови во светот

Преминот кон користење на чисти горива и технологии во домовите, чиста енергија за домаќинствата, е премногу бавен. Поминаа 30 години, но сѐ уште имаме три милијарди луѓе кои во домовите пред сѐ се потпираат на горива што загадуваат.

997

Индија треба да го следи примерот на Кина и да го исчисти воздухот во своите градови, кој е меѓу најлошите во светот според загадувањето на отворено, објави Светската здравствена организација вчера.

Базата на податоци на СЗО за повеќе од 4.300 градови покажа дека индиските градови како што се Њу Делхи, Варанаси и Патна се меѓу најзагадените, врз основа на количеството на честички под 2,5 микрограми пронајдени во секој кубен метар воздух, известува Том Мајлс, новинар во Ројтерс, кој го пренесува WE Forum.

Кинеските градови како Ксингтаи и Шиџиажуанг и рафинеријата во Саудиска Арабија во Џубаил исто така се многу загадени, но податоците за тие места се 4 до 5 години стари, а Марија Неира, шеф на јавното здравје при СЗО, рече дека Кина направила големи подобрувања кои треба да ги следи и Индија.

Нови Сад во Србија е на шесто место.

– Се направи голем чекор на владино ниво (во Кина) за прогласување војна на загадувањето на воздухот – рече Неира. „Една од причините за тој чекор беше таа што аргументот за здравјето беше многу силно презентиран, и фактот дека граѓаните навистина дишеа воздух што беше целосно неприфатлив“.

„Ќе бидеме многу среќни ако видиме слични чекори во Индија, земја за која сме особено загрижени, иако постојат добри иницијативи кои може да се воспостават брзо, сепак нивоата се многу високи и ние би сакале да видиме слични одлуки (како во Кина) и покажување одлучност“.

Светската Здравствена Организација вели дека девет од 10 луѓе на планетата дишат загаден воздух, кој секоја година убива 7 милиони луѓе, речиси сите во сиромашните земји во Азија и Африка. Околу една четвртина од смртните случаи од срцеви заболувања, мозочен удар и рак на белите дробови може да се припишат на загадувањето на воздухот, нагласува СЗО.


На глобално ниво, загадувањето на воздухот на отворено во изминатите шест години останува високо на скалата и во голема мера непроменето, додека загадувањето на воздухот внатре, во домаќинствата се влошува во многу посиромашните земји бидејќи луѓето продолжуваат да готват на цврсто гориво или керозин, наместо да користат почисти горива како гас и електрична енергија.

„Преминот кон користење на чисти горива и технологии во домовите, чиста енергија за домаќинствата, е премногу бавен. Поминаа три децении, но сѐ уште имаме три милијарди луѓе кои пред сѐ се потпираат на горива и технологии што загадуваат, и тоа само за готврер“,
рече техничкиот директор на СЗО Хедер Адаир-Рохани.

Глобалната проценка на СЗО е базирана на сателитски податоци и правење модели базирани на базата на податоци кои ги даваат самите градовите, и затоа е селективна, бидејќи се заснова на доброволно известување, со бројки кои се многу ревидирани од тие во претходниот извештај.

Најзагадениот град во извештајот за 2016 година, Забол во Иран, го има намалено нивото на загадување четири пати во најновата верзија на базата на податоци, и сега се чини како да е почист од австралискиот главен град Канбера.

– Податоците што ги презентираме денес мислам дека се најточните што може да се очекуваат во моментот – рече Неира.

Извор на графиконите: Светска здравствена организација

ФОТО: јутјуб

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...