Ова се милијардерите без факултет, имаат диплома само од средно училиште

Бил Гејтс и Марк Закерберг се отпишале од Харвард, Дејвид Гефен отслушал само три семестри на факултетот, Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс, исто така, се откажале од дипломите од факултет.

420
ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER

На листата на „Форбс“ од 400 милијардери – 63 од нив немаат ништо повеќе од диплома од средно училиште, а повеќето сами го создале своето богатство.

Бил Гејтс и Марк Закерберг се отпишале од Харвард, Дејвид Гефен отслушал само три семестри на факултетот, Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс, исто така, се откажале од дипломите од факултет.

Милијардерите кои се откажале од факултетот очигледно знаат што прават, а во просек имаат 9,4 милијарди долари.

Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат 3,2 милијарди долари, пренесува „Инвеститор.ме“.

На листата на „Форбс“ има повеќе луѓе кои се откажале од факултетот од луѓето со докторат – 63 наспроти 21.

Во САД само 2,5 милиони луѓе имаат докторат, а десетици милиони луѓе се откажале од факултетот.

Кога ќе се проучат статистичките податоци, испаѓа дека докторатот ги зголемува шансите да станете милијардер.

Освен тоа, повеќето луѓе кои не дипломирале на факултет не живеат толку добро – просечната плата им е значително пониска од луѓето кои имаат најмалку диплома од прв степен од универзитет.

Значи, тајната на успехот не е во самото напуштање на факултетот, туку кој се откажува и со какви амбиции.

Луѓето кои станаа милијардери без диплома се посебни затоа што имаат нешто што ги тера да бидат успешни и богати.

Милијардерите без факултетска диплома може да се класифицираат во две групи.
Милијардерите од првата група се откажале од факултетот затоа што имале специфичен производ или бизнис план кој сакале да го следат и да му се посветат, затоа што верувале дека ќе успее.

Јасно знаеле што сакаат и не сакале да чекаат дипломи за да го сторат тоа.
Тоа се иновативни луѓе кои точно знаеле што ќе направат кога ќе престанат да одат на факултет – Марк Закерберг и Бил Гејтс спаѓаат во таа категорија.

Втората група не го напуштила факултетот за да основа фирма и веднаш да го развие производот. Нивниот пат е сличен, но сепак, различен. Тие работеле профитабилни бизниси и напредувале кон врвот.

По неколку години напорна работа, тие добро процениле кога е време за ризик и основале сопствени компании.

И успеале.

Луѓето од двете групи имаат јасна визија за иднината, знаат што сакаат да направат и во која насока да се развиваат, имаат силни работни навики и вистински сакаат успех, сакаат работите да ги извршат веднаш, подготвени се да ризикуваат, иновативни се и не поднесуваат статус кво, и имаат способност да донесуваат добри одлуки.

ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...