Ова не е време на географски откритија, ниту борба за освојување на нови простори

150

Недељник – Белград

Нашиот век е обележен од големи научни откритија. Ако во двата века – 18. и 19. бевме сведоци на две големи технолошки револуции благодарение на кои во индустријата, сообраќајот и секојдневниот живот воведени се парната и електричната енергија, во текот на изминатите три децении се случуија две нови технолошки револуции. Информатичката ера суштински почна со масовната примена на компјутерите. Иако теориските трудови неопходни за развој на оваа технологија потекнуваат од 20-тите години на 20 век, а Студената војна овозможи нивен голем развој, 80-тите години овозможија економски бум на оваа технологија. Масовното производство и последичното поевтинување придонесе компјутерите да се достапни до просечниот жител на планетата. Во текот на 90-тите воспоставена е светска мрежа и со неа гигантските пребарувачи. Развојот на технологијата на мобилните телефони и феноменот на социјалните мрежи дополнително го сменија општеството.

Сето тоа се случи за две децении.

За помалку од четвртина век – од 1996 до 2018 година во светот во кој стотици милиони луѓе и понатаму гладуваат или немаат вода за пиење, каде милијарди живеат во сиромаштија – бројот на постојаните корисници се приближи до половина (48 проценти) од жителите. Во сиромашните држави таквиот удел е нешто помалку (41 процент), но во развиените држави тој достигнува 81 отсто или четири-петтини! Една од програмите за помош на најнеразвиените држави беше и производството и дистрибуција на лаптопови чија батерија се полни рачно. Со курбла! Значи технолошките револуции повторно, како и во некои други историски околности се прескочени или заобиколени. Нема струја, но има компјутери. Последиците од ваквиот нееднаков и суштински неодржлив развој во минатото беа сложени и тешки. Светот и покрај демократичноста на интернетот и новите технологии повторно суштински е деегалитаризиран. Според едно истражување, корисниците на интернет кон крајот на втората деценија од 21 век во 83 отсто од случаите зборувале еден од десет јазици. Другите јазици, а половина од човештвото зборува некои од 23 големи јазици, а да не зборуваме за огромното мнозинство од 7.097 јазци, што во овој момент  ги зборуваат илјада или повеќе жители на Земјата, сведени се на преостанатите 17 проценти.

Компјутерите и интернетот секако се едени од најголемите и најкорисните откритија во историјата. Овозможија непредлив развој на економијата и масовно образование. Како и секое гигантско откритие – од огнот на Прометеј до наши денови – и тоа во својата големина носи и опасности. Основите на индивидуализмот и демократијата се поткопани во текот на претходните стотина години. Иако демократијата го победи тоталитаризмот во двете светски војни и во Студената војна, нејзините темели се разнишани со економската релативизација на индивидуата (со преселбата на индустријата во далечните краишта на евтина работна сила), со промена на начинот на живот, намалувањето на семејството, урабаната дезинтеграција на општеството… Интернетот донесе уште промени. Во текот на изминатите десет години печатените и старите аудио-визуелни медиуми изгубија најголем дел од финансирањето. Поголемиот број медиумски реклами преземени се од неодговорните глобални џинови, какви што се Фејсбук или Гугл. Класичните медиуми до сега преживеаја, но прилагодувањето водеше кон комерцијализација и естрадизација. Содржините до кои граѓаните пристапуваат со посредство на светските мрежи воглавно се забавни. Меѓу нов и многу банални – ријалити програми, кои благодарение на новите технологии за голем број жители на Земјата станаа втора, помалку сива реалност.

Лишени од економско и воено значење, ускратени за демократските медиуми, не е ниту чудо што демократиите ширум светот се претворија во популистички и во полош случај, во компетитивно авторитарни режими. Овие вротите, откако ја урнаа слободата на медиумите, ги ограничија човековите права за граѓаните на своите држави и остварија недозволено влијание на изборниот процес, воспоставија власт која само по малобраојните карактеристики и чести избори потсетуваат на демократија,

И на други полиња постигнат е значителен напредок. Се смета дека успехот на научниците да ги детектираат гравитациските бранови во 2015 година беше едно од најголемите откритија на нашето доба. Благодарение на тоа откритие, науката ќе биде во состојба да спознае делови од Вселената недостапни за најмоќните телескопи. Во медицината голем напредок е остварен во 2008 година кога е издвоен геном од пациент заболен од рак, научниците можат да ја пронајдат мутацијата која доведува до појава на оваа болест. Американските научници во 2013 година успеаја да ги издвојат честичките од светлината и од нив да направат молекул.

Незабележан напредок се случи и кога станува збор за репродукција на човечките органи и ткива, а бионичката технологија во Јапонија стигна до можноста вештачка рака да може да има чувство на допир. НАСА, американската агенција за истражување на Вселената, во 2006 година објави дека докажала постоење на темна материја која исполнува значаен дел од Вселената, а нејзиното постоење се претпоставуваше уште во 30-тите години на 20 век. Речиси половина век беше потребно да биде докажано постоењето на досега најмалата позната честичка – бозонот. Питер Хигс доживеа постоењето на честичката, која теоретски ја претстави, да биде и експериментално докажана. Конечно на 25 мај 2008 година на Марс е откриен мраз. Се покажа дека станува збор за вода. Тоа беше големо откритие, што најверојатно ќе влијае на замислата за колонизација на планетата.

Кога зборуваме за откритијата, 21. век секако не е време на географски откритија, ниту борба за освојување на нови простори. Сепак, првата деценија на векот го отвори значајното прашање за поседување на морското дно. Темата на меѓународната политика ја претстави најраспространетата држава во светот, која во тие години на голема врата се врати на светската политичка сцена. Руската Федерација го постави прашањето за суверенитетот над морското дно. Причината за тоа беше прашањето, кој во векот на голема побарувачка за енергенси, ќе ги експлоатираат ресурсите под морското дното во близина на една држава, а во овој сличај Русија. Посебен проблем претставува Охотско Море, на Далечниот Исток, кој од три страни ја ограничува руската територија, а од четвртата е океан. Педесетина држави полагаат право на експлоатација на сите области на ова морско дно надвор од појасот до брегот широк 200 милји. Руски експедиции почнаа да ги истражуваат длабочините на Северниот Леден Океан кон Арктикот, во Баренцово и во Охотско Море. На длабочина од 2.500 метри, стотина километри северно од сибирскиот брег геолозите собираа примероци за да докажат дека станува збор за единствен геолошки простор кој е целина со копното на Руската Федерација.

Натпреварот помеѓу државите околу овој простор потсетува на јагмата за колонии од крајот на 19 век. Според надлежните институции на Обединети нации, Руската Федерација уште во 2001 година поднесе барање за вклучување на овие големи пространства од океанското дно. САД со голем напор успеаја да ја одложат одлуката за десет години. Во меѓувреме и самите, заедно со Канада, Норвешка и Данска поднесоа слични барања. Борбата, во која во прво време се вклучија само воените мразокршачи и научни експедиции, се водеше за околу резервите на нафта и гас од дури десет милијарди тони. Станува збор за околу 6,7 проценти од светските резерви. Старите компромиси, смислени по Првата светска војна, секако не би можеле да ги задоволат мнозинството заинтересирани држави, бидејќи на таков начин една третина од поларното дно и припаѓа на Руската Федерација, а дури половина на Данска.

Слична, иако не толку остра расправа е водена за Касписко Море. Тука се сретнаа државите кои настанаа по распадот на некогашниот Советскиот Сојуз и Иран. Со исклучок на Азербејџан, овие инаку блиски стратешки партнери требаа да се договорат за поделбата на морското дно со уверување дека под најголемата затворена водена површина на планетата  постојат наоѓалишта на нафта и гас кои ќе можат да се мерат со вкупните наоѓалишта во САД. Преговорите траеја со години, а во август 2018 година постигнат е договор во казахстанското пристаниште Актау. Со договорот се решени помалку важни прашања за разграничување на военото присуство, транспортот, риболовот. Но, политичарите се најдоа пред тешко прашање на кое науката не може да даде одговор. Дали касписката „водена маса“ е море или езеро? Ако е море – а солено е – тогаш зоните на суверенитет над морското дно би морале да одговараат долж брегот – така што добитник би бил Казахстан, додека најмала територија би добил Иран. Доколку се утврди дека станува збор за езеро, сите крајбрежни држави би добиле подеднаква територија од неговото дно. Секако, преговорите продолжуваат, а учесниците успеаја да дојдат до епохален заклучок, според кој каспската водена маса „не е ниту море ниту езеро“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...