Ова е првата плажа во Грција на која пушењето на цигари е забрането

Оваа мерка за островот Серифос тамошните власти ја најавиле во пресрет на Светскиот ден на борбата против пушењето.

226

Плажата Ваја на Серифос е првата плажа во групата острови Киклади, но и во цела Грција, на која пушењето цигари е забрането!

Оваа мерка за островот Серифос тамошните власти ја најавиле во пресрет на Светскиот ден на борбата против пушењето, кој се одбележува на 31 мај. Одлуката гласи плажата Ваја од ова лето да стане место без чад од тутунот што ја прави прва од тој вид во цела Грција.

Исто така, оваа одлука е донесена во согласност со програмата за заштита на животната средина „Sea Change Greek Islands“ која ја организираат десетте острови Киклади.

Во текот на чистењето на крајбрежјето во последната деценија се воспоставило дека најмногу од морските отпадоци се догорчиња од цигари и дека ситуацијата е најлоша на рајскиот остров Серифос.

Плажата Ваја ќе има посебен дел на кој ќе можат да се пушат цигари, но во строго контролирани услови.

– Догорчињата се еден од најчестите загадувачи на крајбрежјето на Кикладите, а Серифос е место со најмногу отпад од тој вид. Самата одлука да ја заштитиме плажата Ваја треба да предизвика подигнување на свеста, но и превенција за загадување на морето. За разлика од останатите морски отпадоци, морето не ги исфрла догорчињата од цигари туку тие засекогаш остануваат во него – рекла д-р Ангелики Космополу, извршен директор на Фондацијата за општо добро „Atanasios K. Laskaridis“.

Foto: printscreen/youtube/Ελληνικός Ήλιος

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...