Натпреварувањето за мис на Германија е актуелно од 1927 година, но од минатиот викенд многу нешто се поинакви, а историјата одново е напишана… Титулата ја понесе Леони вон Хас, која во победничкиот говор помеѓу другото, изговорила и кратка реченица која во контекстот на тоа дека
– Ова е ноќ на силните жени – истакнала и официјално најубавата Германка, која има 35 години, верувале или не, а победила во конкуренцијата со девојки и од само 18 години.
Леони е најстарата мисица во историјата на овој 93-годишен натпревар.
Леони е мажена и има тригодишен син, а се занимава со продавање облека преку Инстаграм. Студирала маркетинг и работела во рекламни агенции, како и како стилист.
„Женственоста не се дефинира со облека. Не ми се потребни фустани за да ја изразам својата женственост“, нагласила таа и додала дека најдобро се чувствува во панталони.
Oвогодинешниот натпревар за Мис во Германија не бил специфичен само по победничката, туку и по тоа што жирито го сочинувале само жени. А, уште поголемо изненадување било што немало ревија во костими за капење.
FOTO: Instagram/Printskrin