Ова е „мистериозното момче“ на Адел, и тој има сопруг ФОТО

Британскaтa пејачка Адел ја снимиле во Хајд парк како се држи за раце со „мистериозен маж“.

959

Медиумите деновиве наголемо пишуваат за новото момче на славната пејачка Адел, за на крај да се испостави дека тој има сопруг. Но, тоа не е сè.

Имено, британскaтa пејачка Адел ја снимиле во Хајд парк како се држи за раце со „мистериозен маж“. Потоа се испостави дека Адел била во друштво на Пол Драјтон, кој е во брак со познатиот комичар Алан Каро.

се пријатели и тоа многу блиски, па дури Алан и Пол се венчале во куќата на славната пејачка во Лос Анџелес.

„Сопругот на Адел е многу згоден“, напишал Алан на Твитер и со тоа ставил крај на шпекулациите за новото, мистериозно момче на Адел.

Пејачката со раскошен глас, со години води сосема одвоен живот од нејзиниот поранешена сопруг, а со развод одолговлекувале, наводно, поради шестгодишниот син. На крајот сепак успеале да се договорат и немало борба за старателството.

Пејачката воедно подготвува и нов сингл, а како што се шпекулира, таа повеќе не прави тажни, срцепаратални песни.

– Сега веќе сум искусна, разведен жена, во потрага по нов нормалитет – им рекла Адел, наводно, на своите пријатели, но таа официјално не се огласила, пишува „Дејли мејл“.

FOTO: Printskrin/Tviter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...