Ова е договорот што ќе го потпишат Заев и Ципрас?

8513

Во договорот кој ќе го потпишат македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе стои дека договореното име за „ерга омнес“ е Република Северна Македонија со превод на англиски (Republic of North Macedonia).

Покрај овој, уште неколку други детали излегоа во грчките медиуми како што се весникот Еифемерида и Радио 24/7. Тие пишуваат дека ќе следува и промена на Уставот во нашата земја, но и тоа дека македонската страна ги сочувала двете клучни прашања.

Јазик ќе биде македонски со фуснота дека е дел од словенската група јазици, а придавката „македонско“ ќе се користи и во графата за државјанство каде ќе пишува Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација

Кога се во прашање уставните промени, од Уставот ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...