Ова биле последните зборови на Ејми Вајнхаус

Ејми одбила каква било психолошка помош, бидејќи се плашела дека тоа лошо ќе влијае на нејзината креативност.

904

Пејачката Ејми Вајнхаус почина во јули 2011 година, на само 27 години, по долга битка со алкохолот и дрогата. Почина од труење со алкохол, а според пишувањата на британскиот „Мирор“, вечерта пред смртта ја посетила докторката, на која Ејми ѝ се доверила.

Докторката раскажала дека на пејачката ѝ бил препишан лекот Либриум, кој требало да ѝ помогне, полесно да се носи со последиците од одвикнување од алкохолот. Меѓутоа, покрај својата слабост, Ејми одбила каква било психолошка помош, бидејќи се плашела дека тоа лошо ќе влијае на нејзината креативност.

Ејми умре во својата куќа во Камден во северен Лондон. Со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол, а кратко пред смртта почнала повторно да се опијанува.

Докторката Кристина Ромет разговарала со Ејми вечерта пред да почине, а за време на истрагата се открило дека пејачката признала дека повторно почнала да пие по долга апстиненција.

Наводно, пејачката ја знаела сериозноста на својата состојба и ладно и рекла да докторката: „Не сакам да умрам“.

Во текот на сослушувањето д-р Ромет рекла: „Таа беше една од најинтелигентните млади жени кои некогаш сум ги сретнала. Беше одлучна дека ќе направи се како што треба, вклучувајќи ја и терапијата. Имаше многу строги погледи на тоа“.

Опишувајќи ја состојбата во која била пејачката, ноќта на својата смрт, докторката рекла дека делувала „смирено и како да чувствува некоја вина“. Била „припита, но во состојба за разговор“.

Докторката рекла и дека Ејми признала дека почнала повторно да пие на 20 јули, само три дена пред да почине.

Кога ја прашала дали планира повторно да престане да пие, Ејми рекла дека не знае.

– Советите што ѝ ги давав на Ејми долго време беа во пишана и во говорна форма. Ѝ раскажав за ефектите што алкохолот ги има врз организмот, вклучително и респираторна депресија и смрт, проблеми со срцето, проблеми со плодноста и со црниот дроб – додала докторката.

Во текот на истрагата било заклучено дека Ејми умрела од „случајно труење со алкохол“.

На судот било соопштено дека Ејми имала 416 милиграми алкохол на 100 милилитри крв, што е, многу повеќе од 350 милиграми, што се смета за фатална количина.

Полицајците пронашле и три празни шишиња вотка во нејзината куќа.

Телото на пејачката го пронајде Ендру Морис, член на обезбедувањето кој живеел во куќата, а рекол дека последната вечер ја поминала во спалната соба, гледајќи телевизија и слушајќи музика.

Тој дошол да ја провери во 15 часот следниот ден и видел дека не дише и нема пулс.

FOTO: EPA-STEFFEN-SCHMIDT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...