Во Македонската филхармонија синоќа имаше премиера на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена.
До последно место беше исполнета салата во филхармонија, а по завршувањето на проекцијата, филмската екипа се поклони пред публиката, која на нозе со овации и френетичен аплауз ги поздрави. По проекцијата, на коктелот присутните имаа шанса и лично да им честитаат на брилијатните уметници, кои го создадоа овој маестрален филм, како што веќе светската критика го оцени, по премиерата на Римскиот филмски фестивал.
Од синоќа филмот е на редовен репертоар во скопските кина Синеплекс и Милениум, а филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга. Од 4 ноември почнува да се прикажува во Прилеп и Свети Николе, во Гевгелија од 9 ноември, Кочани и Македонска Каменица од 14 ноември, а во преговори се прикажувања на филмот и во останатите градови од земјава.