Оваа салата никако не ја нарачувајте во рестораните!

Нема потреба да плаќате за една од најздодевните намирници на менито, па Мекферсон.

1670

Салатите се совршен додаток на секое јадење, но постои еден вид салата што не треба да ја нарачувате во ресторан.

Станува збор за ајсберг салата која често се наоѓа на менијата во рестораните затоа што е прифатлива, секогаш достапна и долготрајна. Но, тоа е токму една од работите што не би требало да ги нарачувате во рестораните затоа што плаќате премногу за намирница која е без вкус, а нејзината главна состојка е водата, дури 95 отсто.

„Едноставно е преценета, не нуди многу, а тука е само да му оствари чист профит на ресторанот“, вели Метју Мекферсон, добро познат готвач во Бостон.

Тој напоменува дека во рестораните салатата не се мие темелно, што исто така, може да предизвика и одредени здравствени проблеми.

Нема потреба да плаќате за една од најздодевните намирници на менито, па Мекферсон советува да нарачате сезонска салата, со органско одгледување со избрани зачини.

Сите готвачи не се согласуваат со ставот на Мекферсон, па затоа некои сметаат дека оваа салата често додава една носталгична нота во модерната кујна и затоа треба да се сервира.

За повеќето земји, ајсберг салатата е една од најприфатливите намирници, покрај тоа буди носталгија, не е скапа и се продава добро. Доволна причина да не се чувствувате лошо ако сепак одлучите да нарачате ваков вид салата со вашиот оброк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...