Висок животен стандард, конкурентни плати, но и стабилната политичка и економска состојба на државата, наголемо помогнаа во ова време на глобална несигурност оваа држава да се искачи на првото место, пишува Си-ен-би-си.
Од економската клима во државата задоволни се дури 80 отсто испитаници, додека дури 86 отсто од нив искажале задоволство со политичката ситуација, пренесува „Јутарњи“.
Околу 82 отсто од луѓето кои се преселиле поради работа во Швајцарија изјавиле дека уживаат во подобар животен стандард, во споредба со својата татковина.
Имено, дури седум од 10 од оние кои се преселиле во Швајцарија сега уживаат во повисоко ниво на расположлив приход со годишна просечна плата од 111.587 долари – што е значително повеќе од глобалниот просек од 75.966 долари.
Со Швајцарија и Сингапур, на врвот на листата се сместени Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.