Објавен оглас за инвеститор за ХЕЦ „Чебрен“, ќе се гради преку јавно – приватно партнерство

Хидроелектраната, како што беше речено на прес-конференцијата, ќе има индикативна инсталирана моќност од 333 мега вати и годишно производство од 1.000 гига ват часови.

1003

ЕСМ објави меѓународен јавен повик за јавно-приватно партнерство за изградба на ХЕЦ „Чебрен“. Изградбата според планот треба да чини над 570 милиони евра. Седум компании веќе побарале да ја подигнат предтендерската документација. Ова беше речено на денешната прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

Хидроелектраната, како што беше речено на прес-конференцијата, ќе има индикативна инсталирана моќност од 333 MW и годишно производство од 1.000 GWh.

Ковачевски рече дека ЕСМ е сигурна дека може да се изгради оти и анализите направени за интересот на странските компании е голем, но и понудата е добра.

– Приватниот партнер ќе треба да ги обезбеди парите потребни за изградба на електраната, а при тоа ќе има концесија за вода од 60 огдини. ЕСМ како јавен партнер ќе треба да обезбеди да биде изграден пристапен пат до хдроелектраната, поврзување со трафостаница и ќе ја понуди ХЕЦ Тиквеш да биде во состав на ХЕЦ „Чебрен“ бидејќи припаѓа на истото сливно подрачје – информира Ковачевски.

Според најавеното ќе биде избран инвеститор кој на ЕСМ ќе му даде што поголем удел во хидроелектраната со што ќе се обезбеди и поголем приход за ЕСМ.

– Изградбата на „Чебрен“ ќе овозможи да се намали производството на електрична енергија од јаглен, со што во воздухот ќе се испушта 913 тони помалку јаглерод диоксид – рече Ковачевски.

Тендерот трае до 3 април годинава, а изборот на ивеститорот ќе се знае до крајот на годината.

Ковачевски, како што рече, е оптимист дека по 15 години неуспешни обиди и 13 тендери , ХЕЦ Чебрен ќе биде изградена оти има и политичка волја тоа да се направи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...