Во Министерството за надворешни работи ќе бидат Дендиас, Варвициотис Франкојанис и Диаматарис . Шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, алтернативен министер за надворешни работи надлежен за европски прашања е Милтиадис Варвициотис, заменик министер за надворешни работи одговорен за економска дипломатија е Костас Франкојанис, а заменик МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис
Заменик претседател на владата е Панајотис Пикраменос, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Грција и поранешен службен грчки премиер, а владин портпарол Стелиос Пецас кој беше директор на кабинетот на Мицотакис во Нова демократија.
Членовите на новата грчка влада утре во 12 часот ќе положат свечена заклетва, потоа во министерствата ќе има примопредавање на функциите, а в среда ќе се одржи првата владина седница.
За претседател на Парламентот што почнува со работа на 17 јули, владата го предлага Константинос Тасулас.